Универзитетски спорт

Универзитетскиот спорт е поделен
во две асоцијации:

National Collegiate Athletic Association

150,000
Студенти
Selling Online

23 Спорта

3 Девизии

Стипендии за I, II девизија

1200 Универзитети

Буџет за стипендии $2 билиони годишно

;

Програмата спортски стипендии во Америка е од година во година се повеќе популарна кај меѓународните студенти. Студенти-спортисти се повеќе се определуваат за заминување на школување во Америка, затоа што не само што ќе добијат престижни дипломи туку и спортски ќе се усовршат на завидно ниво, со што им се нуди можност за одлична, успешна спортска кариера.

Препоручливо е студентите да тргнат во процесот и 18 месеци порано како навремено би ги исполниле сите неоходни услови за стекнување на спортски стипендии и да си обезбедат место на посакуваниот универзитет.

Кои се условите за студирање во Америка?

Кандидат кој сака да се запише на универзитет во Америка, мора да има диплома за постигнато средношколско образование, односно завршен 4 степен.

Кандидатот мора да положи TOEFL тест и SAT тест.

Forget about design limits

TOEFL® тест

(Test of English as a Foreign Language) е еден од стандардните испити преку кој се проверува нивото на знаење на странски студенти т.е. оние на кои англискиот не им е мајчин јазик. Положен TOEFL тест е услов за запишување на странски студенти на сите универзитети во САД. TOEFL е IBT(International Based Test), што значи дека испитот се полага на компјутер и интернет. Се состои од четири дела: читање, слушање, говор и пишување. Најголем број на поени кој може да го освоите се 120. Пријава за TOEFL IBT се врши преку интернет страна. Потребно е на страната да отворите налог кој подоцна ќе ви служи за примање на резултати и пријава на испити. Плаќање се врши исклучливо со платежна картица. TOEFL се полага неколку пати месечно на повеќе локации низ Македонија.

SAT тест

Официјален приемен испит за сите факултети во Америка и го полагаат како домашни така и странски студенти. SAT тест е формиран од три секции: Critical Reading, Math и Writing. Секоја секција носи по 800 поени што значи дека максималниот број на поени на SAT тест е 2400. Тестот се базира на принципот на повеќе понудени одговори за секое прашање,со исклучок на пишување есеј и десет прашања по математика. SAT.

;

Како изгледа процесот на пријава за универзитетски програм?

Пополнување на College Star прашалник
Изработка на Highlight видео материја
Потпишување договор со College Star агенција и достава на неопходна документација
Пријава за SAT и TOEFL тестови
Пријава за NAIA/NCAA Eligibility Center
Доставување на официјални понуди на заинтересирани универзитети до клиентот
Избор на универзитет
Подготовка и заминување во Американска амбасада во Скопје на интервју за виза
Заминување во САД