Чести прашања

Спортските стипендии се парични средства кои студентот-спортист ги добива од универзитетот, а за возврат настапува за нивниот спортски тим. Во САД се доделуваат стипендии на вкупно 29 спортови за момчиња и девојчиња, од кои најчести во нашата земја се : кошарка, одбојка, тенис, фудбал, пливање, ватерполо, атлетика итн.

Цената на една година на школување зависи од јачината на универзитетот и се движи од 20 000 до 40 000 долари. Во цената се вклучени: предавања, книги, тутори, трошоци за домување, даноци и исхрана. Ако студент-спортист добие 100% стипендија, сите овие трошоци се покриваат. Во цената на стипендијата не се вклучени: авионски билети, здравствено осигурување, виза и подготовка за поаѓање. Исто така, универзитетот ги сноси трошоците за спортски патувања (авионски билети, сместување, оброци...) и им обезбедува спортска опрема. Висина на стипендијата која може спортистот да ја добие зависи од неговото спортско ниво. Најчесто, 100% стипендии се доделуваат на девојчиња или 60% до 90% за момчиња, затоа што американскиот фудбал и бејзбол се едни од најпопуларните машки спортови на американските универзитети и тие носат голем број на стипендии, за разлика од женските спортови, остануваат помалку финансиски средства за финансирање на оние спортови кои се популарни кај нас. На пример: во машка тениска репрезентација која има 6 играчи и минимум уште 2 играчи, резерви, тренерот има на располагање само 4,5 целосни стипендии, кои треба да ги распоредат на минимум 8 играчи, а сите да бидат задоволни. На кого да се додели помала стипендија и на кого да се додели поголема стипендија во тимот, одлучува исклучиво тренерот во зависност од квалитетот и резултатот на играчот. Исто така, треба да се напомене дека спортската стипендија се доделува на една година, по што тренерот одново прави распределба на буџетот на основа на постигнатите спортски резултати. Колку голема стипендија ќе добие студентот, зависи и од временскиот период кога ќе се запише на универзитетот. На студии во САД може да се отиде во јануари (spring semester) или во август (fall semester). Треба да се нагласи дека како меѓународен студент вие автоматски сте квалификувани да добиете меѓународна стипендија, која е независна од спортската стипендија, за оваа стипендија може да аплицирате доколку вашиот просек е 3,5(на пример еквивалент на 4,5 во македонските средни училишта). Овие стипендии се движат помеѓу 2000 и 8000 американски долари за семестар. Со комбинација на спортската и меѓународната стипендија можете да добиете целосна финансиска покриеност или таканаречена целосна стипендија.

Меѓународните студенти имаат можност да работат и заработат во кругот на својот универзитет. Тоа се препорачува за студентите кои немаат целосна стипендија. Постојат бројни работи кои студентот може да ги работи: работа во библиотека, училишна пошта, продавница, работа на средување на теренот итн. За да не се занемарат школувањето и другите обврски околу факултетот, студентот е ограничен на работа на 20 часа неделно во текот на семестарот или 40 часа неделно за време на распустот и за празници. За дваесет часа неделно студентот заработува около 150 долари неделно или 600 долари месечно кога училиштето е во тек, што значи за 1 час работа студентот во просек добива 7,5 долари. Мора да ги врачунате и 10% кои се одземаат од даноците на вкупната заработка, од кои извесна сума ќе ви биде вратена по одредено време (на крајот на годината). Нашата агенција може да се вклучи во преговорите со училиштата доколку сакате работа, така што ќе имате поголеми шанси да се вработите по пристигнувањето на универзитетот.

Associate диплома е диплома од прв степен на американски студии што студентот ја добива по завршување на Џуниор колеџ, во траење од две години. Предноста на Џуниор Колеџ е што имаат поблаг критериум при прием на студенти на колеџот. Нашите клиенти кои не го постигнуваат потребното ниво на SAT и TOEFL тестовите за запишување на четиригодишни универзитети, многу често се запишуваат на Џуниот Колеџ, за да го подобрат англискиот јазик и да ги продолжат студиите, како и оние клиенти кои од некоја друга причина не можат да го поминат NCAA clearinghouse, по прашање AMATERISM QUESTIONNAIRE или послаби оцени во средно училиште. Студентите кои ќе се здобијат со Associate дипломата (по завршување на Џуниор Колеџ) имаат можност да преминат на четиригодишни универзитети и по завршувањето на уште две години на студии, да добијат диплома од втор степен, односно Bachelor диплома.

Bachelor диплома е диплома од втор степен, добиена по четири години студии. Повеќето универзитети имаат над стотици смерови, па по првата година која е иста за сите, студентот понатаму мора да одлучи каков вид на диплома сака да добие, односно да избере смер. По завршување на факултетот и земање Bachelor диплома, студентот има можност да се вработи, бидејќи сите меѓународни студенти штом дипломираат добиваат работна виза на една година, која им дава можност да се докажат во рамките на американскиот деловен систем.

Master диплома е диплома од трет степен и се стекнува по уште една година или две по стекнување со Bachelor диплома или втор степен на диплома по америкаски студии. Спортска стипендија не се доделува на магистерски студенти. Треба да се напомене дека не е можно да се добие спортска стипендија само за да се присуствува на магистерски студии. Бидејќи нема спортски стипендии за магистерски студии, постои шанса да добиете средства од универзитетскиот фонд доколку се покажете како добар студент или добар спортист каде што главниот тренер би ве задржал како помошник тренер во тимот.

Највисока репутација во Америка, а и надвор од неа има MBA (Master of Business Administration) , студии за менаџмент. Важно да се напомене дека најпочитуваните дипломи се од областа на: бизнис, финансии, инжинерство, комуникации, компјутерски науки и новинарство итн.

After leaving for studies in the USA, students spend most of their time in university towns – campuses, which can, depending on the university, receive from 20000 to 60000 students. Within the campus there are sports facilities (stadiums, sports halls, tennis courts, swimming pools, etc…), teaching facilities, accommodations and entertainment facilities… Some campuses have their own bus services that enable students to move quickly from one destination in the campus to another. Everything within the campus is adapted to the students’ needs, which makes it easier for students to organize their time and complete their studies.

During their first year, all students attend a general course of studies, which is a mitigating circumstance for foreign students as it allows them time to adapt to the US study system during that year and it gives them an opportunity to discover their real interests and choose the course of studies that they wish to pursue. Upon completion of the first year, students choose their study course which will determine their future occupation. Students usually choose the business course, although finance, journalism, medicine, languages, architecture, psychology, information technology and other are also very popular.

In Most universities the academic year is divided into 2 semesters, the first lasting from August until December (FALL semester) and the second from January until May (SPRING semester). Students can also choose to attend summer school which lasts for several months and allows students the opportunity to accelerate their studies or improve unsatisfactory results during the semester.

In order to complete the four-year studies, each student must receive from 120 to 130 credits, depending on their program. This means that a student receives on average 15 credits per semester, that is to say he has 15 hours of lectures each week. For each subject that a student passes, he is awarded from 1 to 4 credits. A special advantage is the fact that students choose their own classes and make their own schedule. Also, students that have difficulties in mastering the material can choose to work with tutors who make learning significantly easier.

Each university determines how many points it will allow the student to transfer from a European to a US university, as well as from one US university to another. European universities usually fully acknowledge the study years completed at US universities. An important fact is that a student who completes four-year studies in the US (Bachelor’s Degree) is considered to be a qualified worker in all of Europe.